ТФТ – КК Пелистер 89-78
Кошаркарите на Пелистер од Битола загубија на гостување во Скопје против победникот на Купот, ТФТ со резултат 89-78, во рамките на седмото коло на Суперлигата.
Никола Малешевиќ беше најдобар поединец на натпреварот со 29 поени, а Игор Кесар имаше „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и десет скока.
Во следното осмо коло Пелистер гостува во Гостивар.


















