Фудбалскиот клуб Пелистер одигра нерешено (0–0) против Шкендија во натпреварот одигран синоќа со што прекина серија од пет последователни порази. И покрај освоениот бод, резултатот не донесе мир меѓу навивачите и спортската јавност во Битола.
Во текот на летото, клубот помина низ значителни кадровски промени. Поради неуспехот во минатата сезона, беше сменет претседателот Митко Стојковски, а поранешниот спортски директор Ванчо Мицевски беше прераспределен како одговорен за стадионот. Нов претседател стана Александар Стефановски од КУД „Илинден”, за кого се смета дека е близок до секретарот на општина Бoрче Димитровски.
При преземањето на функцијата, Стефановски најави рекорден буџет од 1 милион евра за сезоната, додека капитенот Мирко Ивановски неформално ја презеде улогата на спортски директор „во сенка”. Тренерската функција му беше доверена на Димитар Капинковски, кој истовремено ја извршува и функцијата селектор на младинската репрезентација до 17 години — невообичаена комбинација во домашниот фудбал.
Поради ангажманите со репрезентацијата, во изминатиот месец екипата ја водеше помошникот на Капинковски. И покрај тоа, Пелистер останува во долниот дел на табелата, во зоната за испаѓање.
На социјалните мрежи, навивачите и љубителите на фудбалот не го кријат своето разочарување.
„Океј е 0-0 со Шкендија, ама како примивме четири гола од Арсими дома — тоа не можам да го разберам,” коментира навивач.
„Фала богу што барем не се поразени,” додава друг.
Други пак реагираат на изборот на играчи и управувањето со клубот,и дали се прават стратешки или по препорака.
Во моменти кога ФК Пелистер го има историски најголемиот буџет во своето постоење, клубот се наоѓа во зоната за испаѓање со само 7 освоени бодови од можни 27. Доколку продолжи трендот на разочарувачки резултати, испаѓањето во Втора лига ќе биде неизбежно. Додека го пишувавме текстот до нас стигна информацијата за разрешување на Капинковски. Што ова ќе значи за иднината на клубот останува да видиме.
При преземањето на функцијата, Стефановски најави рекорден буџет од 1 милион евра за сезоната, додека капитенот Мирко Ивановски неформално ја презеде улогата на спортски директор „во сенка”. Тренерската функција му беше доверена на Димитар Капинковски, кој истовремено ја извршува и функцијата селектор на младинската репрезентација до 17 години — невообичаена комбинација во домашниот фудбал.
Поради ангажманите со репрезентацијата, во изминатиот месец екипата ја водеше помошникот на Капинковски. И покрај тоа, Пелистер останува во долниот дел на табелата, во зоната за испаѓање.
На социјалните мрежи, навивачите и љубителите на фудбалот не го кријат своето разочарување.
„Океј е 0-0 со Шкендија, ама како примивме четири гола од Арсими дома — тоа не можам да го разберам,” коментира навивач.
„Фала богу што барем не се поразени,” додава друг.
Други пак реагираат на изборот на играчи и управувањето со клубот,и дали се прават стратешки или по препорака.
Во моменти кога ФК Пелистер го има историски најголемиот буџет во своето постоење, клубот се наоѓа во зоната за испаѓање со само 7 освоени бодови од можни 27. Доколку продолжи трендот на разочарувачки резултати, испаѓањето во Втора лига ќе биде неизбежно.
Додека го пишувавме текстот стигна информацијата за разрешување на Капинковски. Што ова ќе значи за иднината на клубот останува да видиме.
Фудбалскиот клуб Пелистер се раздели со шефот на стручниот клуб Димитар Капинковски, соопшти предмалку ФК Пелистер. Клубот му се заблагодари на Капинковски како што стои во соопштението за ангажманот и професионалноста посакувајќи му успех во натамошната кариера. Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази, информираше клубот најавувајќи дека деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб.