ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР СО ПОБЕДА НАД БОРЕЦ СЕ ПРОСТИ ОД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА И ПРВАТА ЛИГА

Фудбалерите на Пелистер славеа со 2-1 (0-0) против екипата на Борец во последниот домашен натпревар во сезоната, во која испаѓаат од лигата, заедно со велешани.

Во 65. минута од натпреварот Здравевски погоди за 1:0, по додавањето од Љамчевски, кој по неколку минути го постигна вториот гол за Пелистер. Борец намали на 2-1 преку Николовски во 83. минута.

Во последното 33. коло Пелистер во Скопје гостува кај Работнички.