ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ТРИПАТИ ЈА ПОГОДИ ПРЕЧКАТА, ШКЕНДИЈА КАЗНИ СО ДВА ГОЛА

Екипата на Пелистер продолжува со негативните резултати, откако попладнево на стадионот “„Петар Милошевски“ во рамките на 26. коло на Првата македонска фудбалска лига загуби од Шкендија со 0-2 (0-0). Првиот дел помина во знак на фудбалерите на Шкендија, но кои немаа некои сериозно шанси за гол, а ударите кон голот на Трајчевски беа од далечина.

Во 65. минута по една одлична тимска акција Маневски погоди за водство на Шкендија од 0-1. Двапати Драгарски и еднаш Љамчевски ја погодија пречката и среќата им го заврти грбот на пелистерци.

Во 78. минута Нафиу од неколку метри ја потврди победата со гол за 0-2. Во следното 27. коло, в недела попладне, Пелистер гостува кај Академија Пандев.