Наскоро ќе започне запишувањето на огревно дрво за пензионерите. Годинава освен дрва, ќе можат да запишуваат и пелети.
Од Здружението информираат дека в четврток и петок на 8 и 9 февруари со почеток во 9:00 часот ќе се врши запишувањето и дека плаќањето ќе се врши на 5 рати.
Цената на огревното дрво ќе изнесува:
1. Бука 4.500,00 ден. за просторен метар
2. Даб 4.550,00 ден. за просторен метар
Цената на пелетите изнесува:
- Маx енерџи A1 259 ден.за 1 врека (15кг)
2.Голд пелети A1 269 ден.за 1 врека (15кг)
3. Еко лајф А1 279 ден. за 1 врека (15кг)
4. Еко мадера А1 265 ден за 1 врека (15кг)
5. Еко мадера А2 255 ден. за 1 врека (15кг)
Запишувањето ќе се врши од страна на председателите на месните ограноци во просториите на месните заедници.
Таму каде што нема простор за запишување на огревно дрво и пелети во Месните заедници , запишувањето ќе се врши во салата на Здружението на пензионери- Битола и тоа за месните ограноци:
,,Блаже Рогозинаро“, ,,Велко Влаховиќ“ и ,,Естреа Овадија Мара“ на 08.02.2024 година со почеток во 9 часот, (четврток), додека за месниот огранок ,,Стив Наумов“ и ,,Стево Патако“ запишувањето ќе се врши на 09.02. 2024 година (петок) во салата на Здружението на пензионери- Битола со почеток во 9 часот.
Пензионерите од месниот огранок ,,Борис Бастеро“ на 08.02.2024 година со почеток во 9 часот. (четврток)
Пензионерите од месниот огранок ,,Даме Груев“ ќе запишуваат во просториите на ,,Борис Бастерот“ на 09.02.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.
Пензионерите од огранокот ,,Елпида Караманди“ ќе запишуваат во просторите на Месната заедница ,,Коле Канински“ на 08 и 09.02 2024 година со почеток во 9 часот.
Пензионерите од месниот огранок ,,Таки Даскало“ ќе запишуваат во ОУ,,Ѓорги Сугарев,, на 08 и 09 .02. 2024 година во 9 часот.
Запишувањето на огревното дрво ке се врши по принципот прв дојден прв услужен.











