Пензионери од цела држава денеска одржаа протест во Скопје, кој започна пред Американската амбасада и заврши пред Владата, барајќи повторно линеарно зголемување на изност на пензите и други мерки за подобрување на нивниот стандард.
Тие велат дека после три месеци протестирање по сите градови во државата, како и во Скопје, не добиле никакви резултати и известувања од Владата.
„Ние пензионерите не сме социјалци, iграта со зборови да ја надминете, погледнете во реалната слика на живот, ne за 5,3 проценти, само линеарно зголемување на сите пензии“, беа дел од пораките на транспарентите на протестот.
Велат дека ако до пред извесно време бараа линеарно покачување на пензиите од 3500 денари, сега нивното барање е зголемување за 5000 денари заради инфлацијата.












