ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТТИ ДЕН ОД ШТРАЈКОТ НА СОНК

И денеска продолжува штрајкот на СОНК. Ова е петти ден од нивниот протест, а на повидок нема решение, барем според вчерашните изјави од едната и другата страна.

Утрово претседателот на СОНК, Јаким Неделков со порака:

„Петти ден од штрајкот на СОНК. Последен работен ден во неделата.Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба и самодоверба во себе и во СОНК. Овојпат правите нешто посебно за себе, за семејството, за дејноста. На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека – ,,Да, јас дадов придонес за враќање на достоинството на професијата”. Успехот е неизбежен!“ вели Неделков.

Вчера министерот за образование Јетон Шаќири побара од сите уште еднаш да размислат дали е в ред да бараат почитување на своите права преку кршење на правото на учениците за образование.

Тој ги повикува наставниците да продолжат со настава, местото на учениците е во училиште.