ТЕРА

REKLAMA???

ПОБЕДНИЦИТЕ НА „СРЕДНОШКОЛЕЦ-МИЛИОНЕР“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Победниците на натпреварот „Средношколец милионер”, битолчаните кои ја освоија првата награда од 1 милион денари, денеска имаа прием во кабинетот на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Средношколците Иван Секуловски (СОУ „Јосип Броз Тито”), Јован Талевски (СОУ „Ѓорѓи Наумов”) и Марио Рабаџиевски (СОУ „Таки Даскало”), кои работеа под тимот „Стеј Би”, победија со нивната бизнис идеја „Систем 4″. Идејата се заснова на користење напредни алатки со вештачка интелигенција за сервис за луксузни ресторани и хотели кој автоматски ги анализира нивните потреби и проблеми вклучува систем за контактирање на бизниси, телефонски агент кој го заменува рецепционерот, асистенти за интернет-страниците и самите веб страници. Според нивната концепција, овој систем ја олеснува работата не само во туризмот, туку може да најде примена и во други индустрии.

Градоначалникот Коњановски им честиташе за освоената награда и ја пофали нивната мотивација да ги реализираат своите идеи во предизвиците на модерното време, охрабрувајќи ги и сите други млади да бидат успешни во креирањето на својата кариера и иднина. Тој истакна дека лично ќе донира дел од својот вишок во платата таму каде што е потребно, како и дека Општина Битола како институција ќе ги поддржи овие талентирани млади луѓе.

Меѓутоа, Тера ТВ го прашува градоначалникот како конкретно ќе ја реализира оваа поддршка, повикувајќи го да ги претвори ветувањата дека дел од разликата во плата ќе го донира, лично да каже колкава сума ќе одвои тој, а и општината како субјект за поддршка на овие ултра талентирани деца од Битола. Се поставува прашањето дали зад честитките и топлите зборови ќе следи реална, опиплива помош која ќе им овозможи да ги развиваат своите идеи и способности.

Натпреварот беше организиран од Brainster Next College и NU Академиите за талентирани средношколци, со цел да се откријат најталентираните млади кои ќе креираат милионски бизнис идеи, решаваат проблеми и имаат потенцијал да го менуваат светот.