ТЕРА

REKLAMA???

ПОРАДИ СВЛЕЧИШТЕ ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА ПАТОТ НОВАЦИ-МАКОВО

Во текот на ноќта значително е влошена состојбата на регионалниот патен правец R1311 на делницата Битола – Новаци – Маково, на влезот кај депонијата Мегленци, во близина на свлечиштето поради појава на сериозни деформации на коловозот, информираше градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, кој издаде предупредување за безбедност во сообраќајот.

На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, а на сите учесници во сообраќајот им се препорачува крајна внимателност, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација, прилагодување на брзината според условите на патот.

Благодарение на координативните активности на сите вклучени страни со екипи ,камиони и тешка механизација на РЕК Битола и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кои се ангажирани за рамнење и тампонирање, веќе е при крај изградбата на земјена девијација во должина од 400–500 метри за движење, при што сообраќајот не е веќе во прекин и истиот се одвива отежнато. На терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, информира Стевановски.

Свлечиштето беше пријавено на 27.11.2025 година а на денешната ситуација им претходеа неколку координациски состаноци на кои детално се разгледа состојбата и беа утврдени итни чекори за интервенција со приоритет на безбедноста на граѓаните. Со цел навремена и безбедна интервенција и заштита на граѓаните Општина Новаци и градоначалникот Стевче Стевановски се во постојана координација со стручни служби и експерти, а во активностите се вклучени претставници од: РЕК Битола,ЈПДП, ЈП Македоноја пат, Регионален центар за управување со кризи (РЦУК), Надзор на патишта, Дирекција за заштита и спасување ДЗС ЈП Комунален Битола, ЈКП Комунална хигиена Новаци, Државен инспекторат за патишта, Инспекциски надзор за патишта, велат од општина Новаци.