ТЕРА

REKLAMA???

ПОСЕТИТЕЛИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ НА МИЛАНСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Од 22-ми до 27-ми февруари, се одржуваше  Миланската Модна недела, каде што светските италијански модни куќи ги претставуваа нивните колекции за сезона есен/зима 23/24. Милано е град за кој многумина сметаат дека е највлијателната европска престолнина на модата па така модните куќи Tods, Gucci, Dolce & Gabanna, Bottega Veneta, BALLY и  DIESEL беа само дел од ревиите кои се прикажаа на модната недела.

Гости и љубители на модата доаѓаа од сите страни на светот за да бидат меѓу првите кои ќе дознаат кои ќе се трендовите оваа есен и зима.

А додека се одржуваа модните ревии, каде се уживаше во најновите колекции за есен/зима 2023 година, не разочара ниту уличната мода, модните гости и инфлуенсерите. Улиците во Милано беа преполни со љубители на мода од сите страни на светот, уредници на модни списанија, модни блогери и инфлуенсери, познати личности и супер модели.

На улиците можеше да се види енергична мешавина на модни стилови што може да се опише како комбинација на стариот италијански гламур и кул мода на поединци кои се наклонети кон модата.