Од месец феврурари се зголемува месечната цена за престој на деца од 0 до 6 години во битолските детски градинки. И двете институции што го организираат згрижуавњето предложија цената од досегашните 1.490 денари да се зголеми на 2.000 денари.

Младите што основале семејство овде на пат кон градинката којашто мора да ја искористат, на секој чекор од утре ќе се соочат со зголемени цени – дури и кога ќе сака да го фрли ѓубрето, вели ГаврилТрајковски, од Левица кој ја отвори дискусијата.

„Жал ми е што од дискусии за бесплатни градинки стигнавме до поскапување на цените за нив. За само две години го сменавме наративот како општина.“
Реплицираше Наташа Марковска од ВМРО-ДПМНЕ, зголемувањето е делумно усогласување со реалноста, рече таа, имајќи предвид растот на животните трошоци сега. Евоцираше дека за нејзините ќерки во 2007 година плаќала сум аод 1.490 денари месечно, а минималната плата во тоа време изнесувала 6.000 денари.

„Оваа корекција е симболична партиципација која во пракса значи помалку од 100 денари дневно за дете кое целодневно е згрижено во градинката, а тоа кошта помалку од едно кафе што го пиеме на Широк Сокак.“
Градинката е социјална згрижувачка установа, а и двете битолски имаат по 17 милиони денари вишок на крајот од фискалната година. Парите за вработените ги определува бодот владата, но , ова не е начин за зголемивање на наталиетот, коментираше Димитар Кузмановски од ЛДП. Потсети на изборното ветување на премиерот Мицковски за зголемување на наталитетот во државата. Премиерот кажал дека ќе ја промени лекцијата во која семејството се претставува како „Јас, мама и тато“ и ќе стане „ Јас, мама, тато, бато и дада“.

„Со поскапување на градинки ни бато ниту дада ќе има. Туку ќе има само мама и тато и ќе има дополнително млади кои ќе завршуваат во Словенија и ќе остануваат таму….“ .
Социјалната компонента останува, посебните категории граѓани нема да плаќаат, објаснуваше Марковска и напрви споредба со услугите кои битолчани ги плаќаат во приватните градинки.
„Цената во приватните градинки за згрижуавње на деца се движи од 8.000 денари до 15.000 месечно, можеби и повеќе во зависност од работното време, бројот на оброци итн. “

И советничката Софија Ристевска констатираше со жалење дека не се зборува во Битола за бесплатни градинки, како на пример во Њујорк.
„Ова мене ми изгледа дека ние ја корегираме цената само затоа што одамна не е корегирана. Зохран Мамдани, градоначалникот на Њујорк којшто во ноември беше избран за градоначалник, веќе воведе мерка децата до две години да имаат бесплатна градинка во Њујорк, во Америка, во најкапиталистичката држава во светот. “

Со 17 гласа „за“беше изгласано поскапувањето на услугите во детските градинки . Одлуката ќе стапи на сила веднаш по донесуањето од Советот, а ќе се пресметува од месец февруари.

















