Според најавите кутија цигари во земјите од Европската унија наскоро ќе чини 7 евра.
Новиот предлог на ЕУ за поскапување на цигарите веќе предизвика силни реакции, а европските земји различно реагираат на одлуката на Унијата.
Имено, Европската комисија предложи драстично зголемување на даноците на цигарите и производите од никотин.
Иницијативата се однесува на ревизија на Директивата за оданочување на тутунот и истовремено воведување на нов данок (акцизен данок на тутун како сопствен приход на ЕУ).
Предводени од Холандија, 16 земји поднесоа заедничка иницијатива до Европската комисија пред неколку месеци, нагласувајќи дека различните национални даночни стапки го поткопуваат единствениот пазар. Многу земји, исто така, бараат ажурирање на директивата, која датира од 2011 година, за да се вклучат нови производи за кои тврдат дека се особено популарни кај децата и младите. Сепак, Италија, Грција и Романија дејствуваат претпазливо.
Грција предупредува дека ова може да го зголеми шверцот и да ја загрози индустријата. Затоа предлага да се најде заедничко решение во врска со новиот предлог на Европската комисија за големо зголемување на даноците на цигарите и другите производи од тутун и никотин, со цел да се избегне понатамошен раст на шверцот и да се заштити индустријата од штети.
Европската комисија предлага зголемување на данокот од 258% за тутун за валање, 139% за цигари, како и повисоко оданочување на електронските цигари и производите од тутун за греење, кои во моментов се оданочуваат значително помалку.
Ваквите вести не ги радуваат пушачите, но извесно е дека трендот ќе продолжи и во иднина. Целта е преку раст на цените на цигарите и тутунските производи да се намали пушењето кај пошироката популација.
Австралија е дефинитивно еден од најголемите противници на пушењето. Сите закони се многу радикални на тој план, цигарите не се добредојдени речиси никаде, а потрошувачката е намалена поради сите регулативи и неверојатно високите цени.
Во средината на 90-тите, секој четврти Австралиец бил пушач, но оттогаш тој процент се намалил од 26 на 5-7 отсто од граѓаните.
Бројот на жители во Австралија кои никогаш не пробале цигара се зголемил за 20 отсто.
Овие бројки сè уште се во огромен пад бидејќи австралиската влада се обидува да донесе закони за да го отежне консумирањето на цигари на пушачите. Најголем притисок се прави преку постојаниот раст на цените на цигарите, така што за многумина пушењето е едноставно прескапо.
ПОСКАПУВААТ ЦИГАРИТЕ ВО ЕВРОПА



















