После подолга пауза, Влатко Лозаноски – Лозано ги израдува своите фанови со нова песна во комплетно нов музички стил. По веќе познатите „Вардаре“, „Километри“, и „Мајко“, новата песна е во диско ритам, насловена е „После полноќ“ и е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветковски. Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, создадоа ремек-дело со светски звук.

„Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне„ – изјави накусо Лозано. Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека, за стајлингот и овојпат беше задолжен битолчанецот Андреј Ѓоргиевски – Папаз.
Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу брзо, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина.
Неда Маретиќ


















