Вечерва во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата.
Претходно од 17 до 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од 6 артилериски орудија.












