ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АС НА ПЕЛИСТЕР, БЛАГОЈА МИЦКОВСКИ – ГРКОТ

Денес во Битола на 68 годишна возраст, ненадејно, почина Благој Мицковски – Гркот, поранешен фудбалер на Пелистер, за кој слободно може да се рече дека е една од легендите на битолскиот фудбал.

Благој Мицковски – Гркот остави неизбришливи траги во битолскиот фудбал, потекнува од младинската школа на Пелистер и како ретко кој фудбалер од Битола целата своја кариера ја помина во матичниот клуб.

Настапил во дресот на Пелистер со неколку генерации, а и со најуспешната генерација која што во 1974 година се избори за историски пласман во Втората југословенска лига.

Опелото и погребот на Мицковски ќе биде утре во 12 часот во Светонеделските гробишта во Битола.