ТЕРА

REKLAMA???

ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАК СЕ ОДРЖА ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО“

По двегодишна пауза поради ковид мерки и ограничувања на движење по пропишани протоколи, во организација на планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола се одржа 33. издание на традиционален планинарски марш „Димитар Илиевски-Мурато 2022“.

Традиционалниот марш е во чест на освојувањето на највисокиот врв на светот, Монт Еверество од страна на првиот Македонец, Димитар Илиевски-Мурато од Битола, член на ПСК Пелистер.

Планинарите кои го прифатија предизвикот во негова чест се искачија на Димев врв, блиску до највисоката точка на Баба Планина, на Антена.

Тие положија цвеќе, му оддадоа почит на Мурато. На Копанки се одржа поздравен говор. Беа прогласени најмладиот и највозрасниот учесник на маршот.