ТЕРА

REKLAMA???

ПО РЕАКЦИИТЕ НА ТЕРА ТВ АСФАЛТИРАНИ ДУПКИТЕ НА ПАРИЗАНСКА ПРЕД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

Откако по реакции на граѓании Тера телевизија информираше за големи дупки на коловозот на Партизанска, денеска следеше експресна реакција на надлежните екипи.

Се изврши крпење на дупките со асфалт. Нашата камера го регистрираше работниот процес со кој се санираше коловозот токму наспроти Клиничката болница каде што состојбата беше и најкритична и токму поради тоа алармираше ТВ Тера.

Ова дотолку повеќе беше важно затоа што се работи за една од сообраќајно најфреквентните зони во Битола. Најголем дел од нашите сограѓани, ако не и сите, секојдневно ги користат токму овие патни правци.

Нивната незавидна состојба предизвикуваше тешкотии во движењето како за возачите, така и за пешаците. Посебен предвизвик беа дождливите периоди.

По овој пример каде по реакцијата на Тера следеше и акција за санација на коловозот, граѓаните со право очекуваат од медиумите да информираат за градските проблеми, а од општинските служби и јавните претпријатија да работат на брзо решавање на тие проблеми.

Всушност, целта е сите заедно да живееме во поубав град.