ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА НАГРАДА ЗА ЃОРЃИ ДИМОВСКИ ВО ГРЦИЈА

На меѓународниот натпревар по саксофон во Лариса, Грција, ученикот  од трети клас од државното музичко училиште Ѓорѓи Димовски, од класата на проф. м-р Горан Трајковски, освои ПРВА награда и инструмент алт саксофон од марката TREVOR JAMES. Во рамките на натпреварот се одржа и мастерклас со еден од најдобрите саксофонисти од Русија, Никита Зимин, каде Димовски успешно се претстави.

За љубовта кон музиката ни изјави:

„Откако знам за моето постоење,знам дека судбината ми одредила да се занимавам со музика.И тоа не е случајно.Талентот го наследив од мојот идол,мојот татко,кој секогаш заедно со мајка ми и сестра ми ми се најголемата поддршка во животот за моите идеи. Се запишав во музичкото училиште во класата на сега веќе покоен проф. м-р Боби Коминовски,човекот кој што ми ја втемели основата за свирење. Со него освоив прва награда на државниот натпревар во Скопје. Исто така следната година освоив прва награда на меѓународниот натпревар ,,Охрид те сакам”. Сега сум во класата на проф. м-р Горан Трајковски,човекот кој што го вложува целиот труд во мене за да ме направи врвен инструменталист и музичар“.

Со него Ѓорѓи има освоено и 3 први места на државниот натпревар во Скопје од кои една е специјална, 2 први и  втора награда на меѓународниот натпревар ,,Стеван Мокрањац” во Србија во Пожаревац,како и 2 први награди на меѓународниот натпревар ,,Саксклар’’ во Скопје,1 прва награда на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид и досега најголемиот успех за него како што вели е токму оваа награда во Грција.

На овој натпревар уествуваа натпреварувачи од други земји како Англија,Германија,Грција. Димовски беше прогласен за победник во категоријата и освои алт саксофон.

„Помеѓу другите професори од странските земји го запознав и имав мастерклас со мојот најомилен саксофонист врвниот Никита Зимин од Русија.Исто така сум имал мастеркласови со познати светски саксофонисти како Детлеф Бенсман-професор на конзерваториумот во Берлин,Јорго Лигеридис-професор на конзерваториумот во Солун,Драган Сремец-професор на факултетот за музичка уметност во Загреб и Нинослав Димов-професор на факултетот за музичка уметност во Скопје“ вели Ѓорѓи.

За наградите ќе истакне:

„Наградите и достигнувањата се преубави чувства за кои е премалку да се каже со зборови освен да се доживее.Но ова значи дека е само почеток и дека во иднина ќе продолжам да го правам она кое ме прави среќен и без кое не можам да живеам, а тоа е музиката“.