ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА УКЛО УНИВЕРЗИТЕТСКА ТРКА 2024

Вокампусот на Факултет за безбедност Скопје се оддржа „Универзитетска трка“ во организација на факултетот, Универзитет Св.Климент Охридски Битола, Colours алијансата и Кираџиев тренинг систем.

На трката учествуваа студенти, професори и кандидати од Центар за обука при Министерството за внатрешни работи.

На женската трка прво место освои студентката Елеонора Димковска, второ место Зорица Здравковска и трето место студентката Ива Здравеска.

Во машката трка прво место освои Даниел Китановски, второ место Изет Изеровски и трето место Беким Мустафа кандидати од Центар за обука.

Организацијата на трката помина во позитивна атмосфера, при што се промовираше здрав животен стил и посветеност за психофизичкото здравје на студентите и наставниот кадар. Интенција е трката да прерасне во традиционален настан на кој ќе можат да учествуваат и претставници од други високо образовни институции од земјата и странство.

На настанот присуствуваше и екипа на Црвен Крст од град Скопје.

Фото: Факултет за безбедност, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола