Десет километри изодеа македонските планинари минувајќи по Цапарска пресека одбележувајќи го Денот на планината. Според фотографиите и видео -материјалите, некои направени и со дрон од НП Пелистер, планинарите, членови на скоро сите планинарски клубови во државата организирани преку планинарската федерација на македонија тргнаа од селото Цапари. Поводот за нивниот собир – неколкукратен, светскиот ден на планината и 90годишнината од формирањето на ПСК Пелистер.

Планинарите тргнаа во 8 часот од селото Цапари, се движеа низ кањонот на Цапарска река, стигнаа до местото викано Цапарска пресека, новата планинарска патека во должина од 4 километри којашто со ГПС маркирање и проверка ја завршија минатиот месец вработените на НП Пелистер и членовите на Екстрим Бајк од Битола. И , најзначајното , со ова за првпат се овозможува поврзување на селото Цапари со националниот парк Пелистер.


Поводот светскиот ден на планините – Востановен од ООН има цел да се подигне свеста за значењето на планините, потребата од одржлив и еколошки развој со заштита на биодиверзитетот.


Планинарите планинареа до Копанки, а потоа преку Историската патека стигнаа до Инфо центарот кадешто свечено со забава го затворија меѓународниот ден. Претставници на Македонскјата федерација на планинарски спортови на неколку најситакнати високогорци им дадоа плакета за својот придонес во промоцијата на планините и планинарските спортови.


















