ТЕРА

REKLAMA???

Превозниците побарале поскапување, а општината бесплатен превоз за пензионерите

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска во изјава за Тера, вели дека воделе преговори со превозниците кои побарале поскапување на цената на автобускиот превоз, со оглед на поскапувањата кои и нив ги погодуваат.

Илиевска вели дека општината пак од нив побарала, на нивни товар да биде бесплатниот превоз за пензионерите во Битола во вторник и петок, иницијатива која беше спомената минатата недела.

Утре на седница на комисијата ќе се зборува на оваа тема, кога како што рече Илиевска поканети се и превозниците да учествуават на комисијата.