ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СЕНАТОТ НА УКЛО

На десеттина дена по стартот на академската година Сенатот на Универзитетот„ Св.Климент Охридски“ има многу одлуки за донесување. За предизвиците разговаравме со професор доктор Филип Поповски, претседател на Сенатот на УКЛО.

„Улогата на Сенатот е голема. Утврдена е со Законот за високо образование и статутот на Универзитетот.  Во неговиот состав со право на глас во моментов има 22 членови и уште тројца студенти. Ректорот и проректорите се дел од Сенатот но без право на глас.  Сите одлуки за академските програми – се одлуки на овој орган на управување“ – рече денеска претседателот на Сенатот на прашањето која е улогата на овој универзитетски орган.

„Сенатот е одговорен за академските програми и имплементација на политики и стандардите на Универзитетот. Тоа вклучува одобрување на нови студиски програми, измена на постојните одлуки поврзани со акредитација и обезбедување на квалитет. Во моментов, на десетте факултети на нашиот универзитет и едната Висока медицинска школа моментално имаме акредитирано околу 50 студиски програми од прв циклус, исто толку имаме од втор циклус, како и околу 20 студиски програми за трет циклус. Сите тие се атрактивни, иновативни, и, тоа се покажа на годинешниот уписен рок, со што во тенденција на намалување на бројот на средношколци , ние запишавме за 10% повеќе студенти на нашиот универзитето, односно тоа е некоја бројка од околу 1.100 студенти на четирите уписни рока, што е стварно за голема пофалба. “ – вели проф. Поповски.

Сенатот има континуирана соработка со менаџментот на Универзитетот преку научните иновации, соработка преку различните проекти и конференциите што ги организира УКЛО. Проф. Поповски вели СЕНАТОТ  за ова посојан ќе дава поддршка, затоа што тоа е во директна врска со квалитетот на наставата и модернизацијата на програмите.  Десетина дена по почетокот на академската година, не итересираше кои се предизвиците со кои се соочува Универзитеот„ Св. Климент Охридски“, односно органот на управа.

„Предизвиците се големи , особено за новата учебна година, којашто веќе ги покажа и резултатите ( уписите н.з) . најпрвин поддршката и интернационализацијата на УКЛО. УКЛО е првиот македонски универзитет кој е составен дел од европското КОЛОРС семејство односно европската универзитетска Алијанса. Сега студентите не се повеќе само во Македонија туку тие бројат 120.000 студенти од 9 европски универзитети во 9 европски држави. Тие можат да студираат истовремени на УКЛО , а некој од предметите да го полагаат доколку сакаат на некој од тие европски универзитети. Значи ние имаме европска диплома на нашиот универзиет, имаме традиција, имаме квалитет. Традицијата е 45 години УКЛО и 100 години од основањето на првиот Институтот за тутун во Прилеп. “

Важно е и стипендирањето на студентите и мобилните програми кои уште повеќе го потенцираат современиот начин на универзитетското вложување во идните академски кадри.

„Значи, Сенатот ги следи и ќе продолжи да ги следи новите студиски програми доставени до УКЛО како и да поддржува осовременување на наставните програми, воведуавње на нови технологии, нови методи на учење , како и подобрување на условите за студентите и академскиот кадар. Тоа го правиме, најповеќе и со праксата што ја обавуваме, обезбедуваме и стипендии – од оваа година имаме уште повеќе за најдобрите студенти, имаме и школарини дали од една година или повеќе години за најдобрите студенти, така што цело време ќе се трудиме тој број на стипендии, школарини и награди да биде се поголем и поголем да ги афирмираме студентите да ја зацврстат својата позиција на на овој пазар. Ќе ја напоменам и мобилноста на студентите и академскиот акадар кои во рамките на меѓународни програми како што е ЕРАЗМУС + , ЦЕЕПУС и други ќе продолжиме да ги поддржуваме и унапредуваме .“

Претседателот на Сенатот доаѓа од Техничкиот факултет на Универзитетот, инженерските експертски системи, виртуелното инженерство, технологијата на графичката доработка и мултимедијалните проекти се дел од неговото портфолио, па разбирливо посебен акцент става на процесот на дигитализација на Универзитетот.

„Дигитализацијата на Универзитетот е потполна, односно, 99%. Единствено што не е дигитализирано на нашиот универзитет е запишувањето на семестар и уплатата на школарината. Се друго е дигитализирано така што во иднина ќе се трудиме и овој чекор да го подобриме,па студентите ќе можат со еден клик да ги завршат сите процеси. Нормално, во однос на наставата сме дигитализирани. И пандемијата на Корна го направи своето , нашиот универзитет е потполно дигитализиран во однос на наставата.“

Промоцијата на УКЛО  е исто така еден од предизвиците со кои се соочува СЕНАТОТ, но најголемиот од сите е задржувањето на студентите дома. Оттука и се што како секојдневни активности, освен предавањата ги спроведуваат и академијата и студентите се во таа насока и, досега добро им оди.

„Во 2024 година УКЛО е рангиран во првите 400 универзитети во светот на престижната Times higher education world university impact rankings, областа на мирот, правата и институциите. Тоа покажа за квалитетот на нашите студенти и академски кадар .

Меѓутоа, ние си го поставуваме прашањето што да правиме со најдобрите студенти. Нормално, не треба да ги изоставиме, мораме да имаме соработка со општеството, со локалната и централната власт, веќе ја имаме но таа мора да биде на уште повисоко ниво , да се направат реформи во државата за зашувување на младите бидејќи тие се нашата иднина. Паролата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ не е за џабе кажана. Се може да им земат на нашите студенти, но знаењето не можат да им го земат. А со тоа, ние мора да го спречиме иселувањето. Вчера на еден од порталите прочитав дека 40% од нашите високо-образовани кадри се иселуваат , што е на петто место во Европа по исселување. Тоа ние некако мора да го спречиме, посебно за нашата Македонија и за нашата Битола. Би сакал да го споменеме и Медицинскиот факултет -Високата медицинска школа да прерасне во Медицински факултет, многу е потребно за развојот на овој регион.“ – вели проф.Поповски.

Предизвиците како и академската година започнаа, но не завршуваат со нејзиниот крај,тие ќе продолжат за да може следните генерации да имаат повисоко европско образование.