ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА ЌЕ СЕ НАЈДЕ ДУРИ КАКО 82 ТОЧКА НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ В ПОНЕДЕЛНИК

Предлог-буџетот на Општината Битола за Новата 2026 година, на седница на Советот в понеделник е поставена дури како 82 точка на Дневниот ред, иако отсекогаш било пракса и непишано правило, точките што се однесуваат на трошењето на буџетските средства, да бидат меѓу првите точки на седниците на Совет, бидејќи јавноста има најголем интерес за тоа како се трошат  општинските пари и какви се проекциите на локалната власт за Новата буџетска година.

Денеска се обидовме да добиеме став од советниците од власта и опозицијата, пред седницата на Советот закажана за в понеделник, се со цел навремено да ги информираме граѓаните за тоа каква е проекцијата на општинскиот буџет за в година, во однос на приходната и расходната страна.

Иако се обидовме, денес не добивме одговори и на прашањата колку буџетски средства Општината Битола има предвидено да потроши во Новата 2026 година за културни манифестации и спортски настани.

В понеделник, на маратонска седница на Советот на Општина Битола, последна за годинава пред Новогодишните и Божикните празници, советниците од владејачкото мнозинство и опозицијата ќе расправаат за 87 точки на Дневниот ред.

На седницата на Советот, закажана за в понеделник, советниците ќе дискутираат и по точките на Дневен ред а се однесуваат на одлуките за давање согласност и овластување за потпишување на прелиминарен пред договор за стратешко инвестициско партнерство на Фудбалскиот клуб Пелистер АД Битола, одлуката за овластување на полномошник на Општина Битола за присуство на седница на Собрание на акционери на ФК Пелистер АД Битола, како и Одлуката за постојан овластен претставник на Советот во Акционерските друштва на РК Еурофарм Пелистер АД Битола и Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2.

Советниците треба да се произнесат и за измени на Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот 2026 до 2028 година.