Еден од најубавите градови во Европа е главниот град на Унгарија, Будимпешта. Таа е омилена туристичка дестинација во текот на целата година, а привлекува посетители од целиот свет со своите културно-историски знаменитости, примамливата гастрономска понуда и голем број одлични барови и хотели. Во зима, Будимпешта е исклучително посакувана дестинација благодарение на популарниот Божиќен маркет и атракции.

Трета година по ред, божиќниот панаѓур овде е прогласен за најдобар во Европа на веб-страницата European Best Destination. Главниот град на Унгарија од година во година бележи пораст на бројот на туристи, а со одличната понуда стана една од најпосакуваните туристички дестинации. Божиќниот панаѓур пред базиликата Св. Стефан е прогласен според гласовите на 374.000 туристи, за најдобар Божиќен маркет во Европа. Истиот оваа година трае до 1. јануари 2024 година.

На еден од најубавите плоштади во Будимпешта ве очекува големо лизгалиште, 120 изложувачи на занаетчиски производи, богата гастрономска понуда, како и светлосно шоу кое секоја вечер се проектира на фасадата на базиликата Св. Стефан. Цела Будимпешта е обвиена со мирис на колачи, печени костени, а се што ви треба е шолја популарно варено вино за да ве загрее.Голема елка го краси плоштадот пред Парламентот како и на позната Фешн улица.

Божиќниот пазар се одржува на плоштадот Vörösmarty. Секако, можете да уживате и во унгарски специјалитети и јадења карактеристични за вакви саеми, како што се колбаси, гулаш, колбаси, лангош, печени костени итн. За оние кои сакаат да се напијат, има варено вино и други соодветни пијалоци.













