Денеска се одржа завршниот промотивен настан на проектот Smart-Cul-Tour по повод промоција на резултатите кои беа постигнати изминатите 28 месеци. Smart-Cul-Tour е повеќе од проект, Smart-Cul-Tour е партнерство кое го поттикнува туризмот, го промовира и заштититува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча. овој Завршен настан за промоција на резултатите од проектот претставува и прв чекор во втората фаза од оваа успешна соработка. Општина Битола потпиша договор со Делегација на Европската Унија во Скопје за продолжување на оваа успешна приказна, овој пат насловена Smart4you2.

Smart-Cul-Tour влијае врз заштитата и промоцијата на културното наследство во регионот и иницира соработка помеѓу различни чинители, особено од сферата на културата и туризмот. Проектот SMART-CUL-TOUR е кофинансиран од страна на Европската Унија и Министерство за Локална самоуправа на Македонија, а во рамките на вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020.
Проектот е имплементиран од страна на пет партнери од двете соседни земји:
Општина Битола, Република Северна Македонија – водечки партнер;
Општина Пустец, Република Албанија – партнер;
НУ Завод Музеј Битола, Република Северна Македонија – партнер;
Регионален Директорат за култура од Корча, Република Албанија – партнер;
Младински културен центар – Битола, Република Северна Македонија – партнер
Проектот се темели на Инфраструктурни елементи и елементи кои го поттикнуваат развојот на туризмот во регионот.
Инфраструктурните елементите на Smart-Cul-Tour:
o Реконструкција на пристапната улица т.н. „Римски пат“, вклучително и пешачката патека, до археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во Битола.
o Реконструкција/ подобрување, на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во Битола.
o Реконструкција на постоечката стара училишна зграда и основање на Музеј во чест на писателот Стерјо Спасе, во с. Глобочани, Општина Пустец.
Елементите кои го поттикнуваат развојот на туризмот во регионот се:
o Поставена постојана поставка во Музејот „Стерјо Спасе“ во с. Глобочани, Општина Пустец;
o Реновирана музејска поставка во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис;
o Овозможена пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја;
o Развој на повеќе-јазичен аудио водич за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис;
o Развој и ставање во функција на соодветна опрема за виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и музејот на Стерјо Спасе во Глобочани;
Smart-Cul-Tour ја збогати туристичката понуда во прекуграничниот регион, откри и вклучи нови дестинации, заборавени или скриени аспекти на заедничкото наследство, истовремено подигнувајќи ја јавната свест кај луѓето во заедницата за важноста на културата и културното наследство.
Развиени се 5 уникатни и атрактивни туристички понуди и шетстата понуда која дава можност да се креира лично, персонализирано патување во регионот на Пелагонија и Корча. Уникатните туристички доживувања, се со следните предзнаци: историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт. Истите се промовирани и се на располагање како уникатни дестинации, за сите патници и туристи.
Smart-Cul-Tour е проект кој годинава е претставен во Брисел како најуспешен проект во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020. Вкупниот буџет на проектот кој се спроведува во рок од 24 месеци, изнесува 704,590 Евра, од кои 85% се ко-финансирани од страна на ЕУ, додека останатите 15% ги обезбедува Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за локална самоуправа.













