Светскиот ден на ромскиот јазик се одбележува секоја година на 5 ноември, почнувајќи од 2009 година. Во 2012 година, Хрватскиот парламент го признал ромскиот јазик, додека во 2015 година УНЕСКО го прогласил 5 ноември за официјален Светски ден на ромскиот јазик. Од 2018 година, 16 земји членки на Советот на Европа, го признале ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, го честиташе Светскиот ден на ромскиот јазик со објава на официјалниот фејсбук профил:
„Денешниот ден нѐ потсетува на богатото културно наследство на ромската заедница и потребата за натамошно негување на ромскиот јазик, како чувар на нивниот идентитет и различност.
Тој ги надминува државните граници и сведочи за една уникатна култура, фолклор и традиција наследени од минатото, но живи и влијателни и во современите цивилизациски услови.
Со институционалната поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик вложуваме во македонското мултикултурно и мултиетничко општество.
Честит 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик!“
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА РОМСКИОТ ЈАЗИК


















