ТЕРА

REKLAMA???

Претседателката на Советот јавно побара да оствари контакт со министерот Бочварски

За реконструкцијата на мостот кај Безистенот, од општината велат дека се уште чекаат на процедурите, односно согласностите од министерствата во Скопје. Поради тоа, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, денеска преку својот Фејзбук профил побара помош во отварување на контакт со министерот за транспорт и врски.

„Како Претседател на совет минатата недела пробав да остварам контакт со Министерот за транспорт и врски, но не успеав. Па затоа да пробам и вака ако можи некој да помогни, ако некој има контакт со министерот (а сигурна сум дека имам такви во пријателите на социјалните мрежи, а и претходни искуства покажаа дека ако си од иста партија можиш во секој момент да си “пишиш” со министри, директори и сл.), да му пренеси дека предметот за мостот во Битола е пристигнат во Министерство за транспорт и врски пред неколку дена и чека негов потпис.

Се надевам нема да чекаме одговор како од Министерство за животна средина 35 дена и дека некој од Скопје конечно ќе му излези во пресрет на БИТОЛА и битолчани.

Фала!“ напиша Илиевска.