Вчера полициски службеници од Полициска станица Битола лишиле од слобода 25 годишно лице од Битола.
Тој бил затекнат при извршување кражба во објект сопственост на 45 годишно лице од Битола. Кај приведеното лице биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.












