ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДАВНИЦИТЕ НА ШИРОК СОКАК ЌЕ РАБОТАТ И ВО НЕДЕЛА И ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИ

Со цел да се одговори на потребите на бројните туристички групи кои го посетуваат градот за време на викендите и празниците, се овозможува непречена работа на трговските објекти во најфреквентните зони, дефинирани како туристичко-културолошка атракција.
Ова значи дека сите трговски објекти лоцирани на Широк Сокак сега ќе можат да ги услужуваат посетителите и во недела и за време на празници, соопшти општина Битола информирајќи дека овие новини се воведуваат во соработка со Министерството за култура и туризам, а согласно законската регулатива.