ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ВО БИТОЛА ДО 11 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со -7 степени беше на Попова Шапка, -3 Маврови Анови, -2 Крушево, Берово, 0 Крива Паланка, Претор, 1 Струмица, Виница, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Демир Капија, 3 Тетово, Дебар, Куманово, Дојран, 4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија.

Најмногу дожд наврна во Крушево и Битола. Во Крушево има снежна покривка од 5 см.

Во текот на ноќта и утринава претежно облачно со локални слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од слаб снег. Утрово е променливо облачно, а во Крива Паланка имаше слаби врнежи од снег. Во повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремени слаби врнежи од дожд и снег.

Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Битола до 11 степени.