Утрово 8 степени во Берово, 9 Лазарополе, 10 Битола, 11 Тетово, Струмица, 12 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, 13 Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, 14 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Гевгелија, Попова Шапка, 15 Кавадарци, Крушево, 16 Виница.
Во текот на ноќта од запад се прошири мала до умерена облачност. Утринава е сончево на југоисток и дува слаб променлив ветер.
Денеска променливо облачно со повеќе сончеви периоди претпладне и во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде западен.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 33 степени. Во Битола до 31 степен.












