Утрово 7 степени на Попова Шапка, 8 Берово, 10 Битола, Лазарополе, 11 Скопје-Петровец, Крушево, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, 12 Маврови Анови, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Штип, Гевгелија, 14 Претор, Виница, Куманово, Демир Капија Велес, Дојран.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини има појава на магла.
Денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во Битола до 24 степени.












