ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 25 СТЕПЕНИ

Утрово најниска температура од 5 степени беше измерена во Берово, 7 Попова Шапка, 9 Скопје-Петровец, 10 Крива Паланка, Тетово, Битола, Струмица, Крушево, 11 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврови Анови, Охрид, Прилеп, 12 Штип, Гевгелија, 13 Претор, Демир Капија, 14 Виница, Дебар, Дојран.

Мала до умерена облачност се задржа преку ноќта во западните делови и дуваше слаб претежно јужен ветер.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови и особено во посеверните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната темпертура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 25 степени.