Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Утринската во Битола околу 2, а дневната до 16 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендов се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.











