Утрово -2 степени во Лазарополе, -1 Битола, Берово, 0 Струмица, 1 Маврови Анови, Охрид, Претор, Попова Шапка, 2 Скопје-Петровец, Прилеп, Крива Паланка, Kрушево, 3 Штип, Дебар, 4 Тетово, 6 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Куманово, Виница, 8 Гевгелија.
Во текот ноќта и утрово имавме променливо облачно со слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја и на крајниот југоисток ќе има услови зa слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 16 степени.













