ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ И ВЕТРОВИТО

Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, претежно во северозападните делови со краткотраен пороен дожд, грмежи и силен ветер (со брзина и над 70 км/час).

Во битолскиот регион променливо облачно време со сончеви периоди и ветровито.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Утре претпладне ќе има услови за локален слаб дожд. Потоа во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Температурата ќе биде во значителен пораст, особено од понеделник, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.