Утрово -1 степен на Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Kрушево, 4 Скопје – Петровец, Крива Паланка, Претор, 5 Скопје – Зајчев Рид, 6 Охрид, Прилеп, Берово, Тетово, 7 Битола, Виница, Куманово, 8 Дебар, Дојран, 10 Струмица, Гевгелија, Демир Капија, 11 Штип.
Во првата половина од ноќта беше променливо облачно со локални врнежи од дожд, а потоа облачноста на повеќе места се намали. Утрово преовладува сончево време со умерена облачност, во западните и југоисточните делови е значително облачно. Локален дожд има на крајниот југозапад. Во текот на ноќта, а и утрово дува слаб до умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени. Во Битола до 13 степени.













