ТЕРА

REKLAMA???

Променливо облачно време, попладне со локален дожд и снег на планините

Утринава -5 степени на Попова Шапка, -2 Маврови Анови, Kрушево, 1 Претор, Берово,  2 Крива Паланка, Охрид, Битола, Скопје – Петровец, 3 Струмица, Тетово, Дебар, 4 Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, Виница, 5 Куманово,  Гевгелија, 6 Дојран.

Во текот на ноќта и утринава имавме променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со локален снег (Пожаране). Дуваше слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од променлив правец (најсилен во Тополчани).

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Попладне ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени. Во Битола до 12 степени.