Утрово 5 степени во Лазарополе, 8 Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 10 Крива Паланка, Охрид, Претор, Крушево, 11 Тетово, Дебар, 12 Битола, 13 Виница, 14 Демир Капија, Струмица, 15 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, 16 Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта беше ведро со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утрово во поголемиот дел од земјава е сончево со мала облачност. Во северните делови има зголемена облачност и повремени слаби врнежи од дожд.
Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени. Во Битола do 23 степени.












