Утрово -2 степени во Берово, 0 Битола, Попова Шапка, 1 Охрид, Претор, Крива Паланка, Скопје – Петровец, 2 Штип, Прилеп, Дебар, Тетово, 3 Демир Капија, Куманово, Маврови Анови, 4 Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија 5 Kрушево, Виница.
Во текот на ноќта беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност во западните делови. Дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и понекаде ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој попладне вдолж Повардарието ќе засилува. Во текот на ноќта во западните делови ќе започне повремено умерен дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени. Во Битола до 17 степени.













