ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО ПОВРЕМЕН ДОЖД

Утрово 2 степена во Лазарополе, 4 Попова Шапка, Маврово, 5 Претор, Крушево, 6 Битола, 7 Крива Паланка, Охрид, Берово, 9 Прилеп, Куманово, 10 Струмица, 11 Тетово, Виница, 12 Скопје-Петровец, Штип, Дојран, 13 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 14 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утринава времето беше претежно облачно со локален дожд и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 17 степени.