ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД

Утрово 2 степена на Попова Шапка, 4 Лазарополе, 5 Маврово, Крушево, 6 Крива Паланка, 7 Куманово, 8 Берово, Претор, 10 Охрид, Битола, Прилеп, Дебар, 11 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Виница, Струмица, 12 Скопје-Петровец, Демир Капија, 13 Дојран, 15 Гевгелија.

Во вечерните часови во источните делови од земјата имаше нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер која заврши на крајниот исток околу полноќ. Потоа се одржуваше облачно време без врнежи. Утринава е претежно облачно со слаб до умерен ветер најизразен во Штип каде што е умерен и северозападен.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претежно попладне и во јужните делови во земјата каде што ќе има појава на ретки грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени. Во Битола до 19 степени.

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови во земјата. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб променлив ветер.