Неколку милиони евра обрт на средства донесе Пастрмалијадата во Штип, вели штипскиот градоначалник Иван Јорданов, откако манифестацијата годинава заврши со импозантни бројки на посетеност. Целта ги оправда средствата вели тој, бидејќи и угостителите и хотелиерите биле мошне задоволни откако во градот по повод настанот пристигнаа над 100.000 гости.
„Сите сместувачки капацитети беа резервирани. Неколку милиони евра средства имаше обрт и тоа даде поддршка на локалната економија. Целта ги опрадва средствата.“-вели Јорданов за ТВ Тера.
За да се организира ваква манифестација Јорданов вели дека е неопходна соработка на сите вклучени страни. Присуството на голем број гости пак бара запазување на одредени безбедносни стандарди. Подготовките за следната Пастрмалијада треба да започнат уште веднаш вели тој.
И додека Дино Мерлин како главна звезда требаше да привлече најголем број гости, многу се внимавало да се обезбеди поддршка и за домашната музичка сцена.
Штипскиот градоначалник вели дека наредно ќе се работи на претстојниот Макфест како единствен фестивал на забавна музика поддржан преку општинскиот буџет, потоа Штипските денови на модата, како и Д фестивал кој треба да донесе гости и од земјата и од странство.
ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРАТА, НО И ПОДДРШКА НА ЕКОНОМИЈАТА


















