ТЕРА

REKLAMA???

ПРОСЛАВИЈА 30 ГОДИНИ ОД МАТУРИРАЊЕТО

По матурските прослави на средношколците од училиштата во Битола, продолжија годишнините од матурирањето. Генерациите преку контактите кои се уште ги имаат се организираат за класен час и забава со оние со кои четири години седеле во училишните клупи. 

Деновиве една таква прослава на генерацијата се случи во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Се собраа над 80 ученици од генерацијата 1992/1993 година, односно прославија 30 години од матурирањето.

Зборното место беше пред зградата на гимназијата. После 30 години заеднички се сретнаа. Едни, оние кои се тука во Битола и не им беше прва средба по матурирањето, но имаше и лица кои од странство специјално дошле за оваа прослава на генерацијата.

Петнаесетина се луѓе кои сега живеат и работат во странство, а дојода да се видат со некогашните свои соученици и наставници. Во оваа прослава беа и оние кои допатуваа од Скопје, место каде сега живеат и работат, а поголемиот дел се оние кои тука живеат и работат.

Од сите шест класа колку што биле и во таа генерација имаше претсваници, како и дел од професорите кои беа со нив на класните часови, а кои сега сите се во пензија.

По класниот час и заедниочката фотографија, имаа и забава.

Фото и видео: Сашо Ставрев