ТЕРА

REKLAMA???

ПРОФЕСОРКИ ОД БИТОЛА НАГРАДЕНИ ОД СОЈУЗОТ НА МУЗИЧКИТЕ И БАЛЕТСКИТЕ ПЕДАГОЗИ

Во Скопје беа доделени наградите на истакнати музички педагози од областа на музичката и балетската педагогија од страна на Сојузот  на музичките и балетските педагози на Македонија. Годинешната награда за животно дело и припадна на уметничкиот директор на интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест Битола, Милица Шперовиќ Рибарски.

Секоја година Сојузот додлеува и награди за успешна едногодишна работа и за успешна повеќегодишна работа. За едногодишна успешна работа беа наградени  Проф.Маја Трајковска- проф.по солфеж и теорија, проф.м-р Јана Четелева Белевска, проф.по пијано. За повеќегодишна успешна работа беше наградена проф.д-р Татјана Божиновска- проф.по пијано, сите три од Државното музичко улиште од Битола. Добитниците на наградите истакнаа дека истите им даваат мотивација да продолжат  со истото темпо.

Проф.м-р Јана Четелева Белевска ја изрази својата благодарност кон Сојузот и истакна дека наградата има големо значење за неа како и дека истата е  мотив и инспирација за уште поголеми успеси во иднина.

Проф.д-р Татјана Божиновска честитајќи им на останатите колеги ја изрази благодарноста до нејзиното семејство, нејзините ментори,  учениците и институцијата каде се реализира како педагог, Државното музичко училиште во Битола.

Здружението на музички и балетски педагози на Македонија е член на „Europen Union of music competitions for youth’’. Во чест на наградените беше одржан концерт во свечената сала на ФМУ. на кој настапија учениците по пијано на наградените професори: Марко Буџаковски и Димитриј Стојчевски од Битола и од другите музички училишта: Софија Ташкоска, Ана Мазнејкова, Јована Лазова. Промотор беше д-р Мирјана Павловска Шулајковска.