ТЕРА

REKLAMA???

РАСПУКА НОВИОТ АСФАЛТ ОД БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ НА БИТОЛА

Распука новиот асфалт од булеварскиот влез на Битола само неколку денови откако беше соопштено дека работите се во финална фаза и дека Битола добива нов булеварски влез.

Делови од новиот асфалт на тротоарот во населбата Горно Оризари значително се подигнале над предвиденото ниво. Во делови дошло до пропаѓање на земјиштето и формирање на дупки веднаш до тротоарот. Местото каде се настаните оштетувањата денеска беше оградено со зелени заштитни платна.
Во овој реон општината работи на проект за реконструкција на коловозот во должина од 1,3 километри. Активностите се дел од изградбата на булеварски влез широк 27,5 метри.

По оштетувањето на новиот асфалт кое денеска ги изненади минувачите, од општината соопштија дека причината за подигнатиот асфалт е дождот. Во текот на вчерашниот ден, по обилните врнежи од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока. Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба, соопштија од општина Битола.

На терен излегле и стручни екипи кои вршат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета.

Тие треба да утврдат зошто новиот асфалт не го преживеа првиот дожд.