ЈКП „Пазари“ ги реновираше тоалетите во новиот пазар. Тие се јавни, бесплатни и функционираат додека пазарот е отворен, вели за ТЕРА – Драги Џаревски, директор на претпријатието.
Јавното претпријатеи „Пазари“ викендов повторно ги врати во употреба тоалетите кои беа извесен период нефункционални заради нивно реконструирање. Преземени се повеќе чекори , вели Драги Џаревски, директор на претпријатието.
Новиот пазар е збир на зелено пазарче со различни други економски единици – трговски дуќани, сендвичари и ресторани, банки, кладилници и кафулиња. Ова е единствениот јавен тоалет. Со овој работи ЈП „Пазари“ за разлика од другите градски. Но и како другите градски – е бесплатен.
Јавен и бесплатен, цел ден отворен. Вистинско време да се постави прашањето за нас, граѓаните, корисници на тоалетите.
Претпријатието секојдневно се грижи за хигиената на тоалетот и , заедно со хигиената на целиот простор – објект во кој освен јавниот пазар има приватни субјекти.
Вистински предизвик е да се раководи со јавното претпријатие Паџари – од една страна стар и историски заштитен објект, од друга тезги и храна која во основа предизвикува смет, а на трета – луѓе со пари. Битолскиот пазар е во центарот на градот, во срцето на населба којашто се изградила пред децении и е таква каква што е – со стари куќи, тесни улички за влез во пазарот, доградени и дотраени архитектонски бариери.
Повеќе од прилогот во врската што ве води до YouTube.