По уривањето на гаражите долж улицата „Смилевски конгрес“, целиот реон е претворен во мини-депонија. Општината и градоначалникот лично биле информирани, но еве веќе и глувци се шетале затоа што сметот и шутот не е подигнат.

„На улицата Смилевски Конгрес, почнувајќи од кај градинката Мајски цвет и зградата карши неа. Па потоа на сите места каде се отстрануваат дивите гаражи, како и околу контенјерите има огромни количини отпад, градежен шут и ѓубре. – вели реакцијата на гледач на ТЕРА којашто припаѓа на револтираниоте жители на зградите спроти детската градинка. Вели „Опасни азбестни плочи се расфрлани насекаде. Тука има и градинка и училиште, а не има имтакви кои живееме таму оти сепак градо и таму се проширил па изградиле згради пред 30 години.“
Тоа што денеска може да се зебележи долж улица Смилевски Конрес е дека многу од гаражите – времените објекти се отстранети. Некои се целосно исчистени од металниот дел и од сметот и градежниот шут кој останал по нивното отстранување. Но дел од сопствениците на тие објекти не го сториле тоа и , сметот, шутот, е оставен на несовесни граѓани или деца кои во ноќните часови или седат на расчистениоте делови или пак сиромашни граѓани барајќи – нешто, го растураат.

Најизрзазена е состојбата на местото кадешто посочува нашата сограѓанка. Спроти градинката Мајски цвет односно спроти едно од игралиштата на основното училиште Елпида Караманди. Простор кој по зградите завршува со тренот планиран за изградба на спортскиот комплекс.
Ние сме многу револтирни, ни рече еден од жителите на овие згради. Раскажува дека веднаш по објавата од Општина сите ги отстраниле гаражите, но , сметот и шутот го оставиле на еден куп и побарале од Општината да им помогне. Ветиле дека ќе го отстранат. И по еден месец, тоа не го направиле. Службите од комуналец и Нискоградба како да си ја префрлаат обврската, но никој не го подигнува. Камиони отстраниле дел од сметот на просторот којшто треба да биде планираниот спортски комплекс , но ова непосредно до зградите – го оставиле.

Праксата за отстранувањето на овие објекти низ градот е информација дека сопствениците се должни во одреден временски период да ги остранат своите гаражи и сметот кој останува, а доколку не го направат во одредно време – дека општината тоа ќе го направи, но ќе им фактурира.

Жителите на овој дел од градот поварале помош општината побарале помош за отстрануавње на сметот и шутот и добиле ветување. И градоначалникот лично бил информиран за состојбата, но , еве сеуште„ не е ништо преземено“. „на куп како се сите работи како што ги тргнавме, ама сеуште седат овде. Смрди, а и глувци се појавија. Кучиња ги душкаат, ама ништо не е преземено.“ – вели еден постар господин кој не пресретна денеска во текот на снимањето. Алармирале и дека купиштата смет и шут се наоѓаат многу блиску до скривница во која има опрема, а којашто тие неможе да ја заштитат од кражби.

Редно е општината да го отстрани овој куп од смет, затоа што просторот се претвпри во вистинска депонија – вели нашиот соговорник кој не сакаше да зборува во камерата на ТЕРА. Времените објекти припаѓале на повозрасни битолчани, кои за да го испочитуваат рокот од општионата, ангажирале и платиле работници.

Потсети дека генерално во светот се смета дека е многу лошо да се има депонија блиску станбени згради, градинка и училиште. Најпрвин заради азбесните плочи со кои биле градени некои од тие објекти. Потоа заради мирисот и токсичните материи кои се испуштаат во воздухот, а на крај , опасноста од појава на векторски заболувања, затоа што навечер овие депониички стануваат врталиште за глувци.

















