Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг, во пресрет на големата воена парада во кинескиот главен град, пренесе Би-Би-Си.
Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози, изјави рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјенџин.
Вкупниот БДП на земјите од Шангајската организација за соработка расте побрзо од светскиот просек и покрај тешкотиите во глобалната економија, а според рускиот лидер, „Москва ја поддржува иницијативата на Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана за конкретно разгледување на предлогот“, пренесуваат руските медиуми.
На самитот кинескиот претседател Си Џинпинг претстави иницијатива за „глобално управување“ за создавање пофер глобален систем
Покрај Русија, Северна Кореја и Иран, лидерите од Мјанмар, Монголија, Индонезија, Зимбабве и централноазиските земји ќе бидат сведоци на откривањето на низа борбено оружје од страна на Кина.
Единствените западни лидери на списокот на гости објавен од кинеското министерство за надворешни работи се од Србија и Словачка.