Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 22 возачи.Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола, по 2 во Ресен, Демир Хисар и Крушево.
За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци.
Од СВР Битола велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.












